гробишта само мн.

гробишта (само мн.)

И времето во него неблагодарно да легне и мовта да се веди по неговите гробишта расфрлани и заборавени во долот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ама ми е жал оти не му го тргна одма куршумчето кога избега од гробишчата или во ливадата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На книже се запишуваа само умрените за да ги спомне попот во молитвата на гробишта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може да се рече дека тие беа по исклучок погребани во рисјанските гробишта, макар што некои тврдеа дека Алејата на великаните е излезена од верската линија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И спрснав по гробиштата вдолж и попреку да барам кај ќе ме закопуваат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ги откопале дури и коските од гробиштата и ги расфрлиле по ѓубриштата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Подобро жива да ти се нарадувам. Инаку на гробишта двајцата ќе нѐ каниш...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А и добро направив. Со својата посмртна моќ јас в час можев да се најдам среде гробиштата, ама намерно пешки заодив по патот што води кон капелата, таму каде што се подредени продавачите на цвеќе и свеќи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Главната сила ќе удри на северниот крај на селото откај гробиштата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
До гробиштата на птиците не смееле да се доближат ни луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Значи, не можело случајно да има смешано коски од старите гробишта.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
се уште сме на свадби распеани по свадбите намќори замрморени сал туку лелекаме по гробиштата па ги забораваме мртвите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Да ги гледаш белите коленици на перачките, џандарите на прошетка што застануваат покрај нив, да ги гледаш војските – кој без капа кој без колан кога се враќаат дома од насока на гробиштата, од насока на оние безброј бигорни крстови врз кои колваат некои црни птици...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Гробиштата се заградени со тел и имаат дрвени крстови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На сон Севда се најде в црква. На патеката меѓу гробовите по која жените се враќаа од црква со запалени свеќи и се раштркуваа меѓу гробиштата секоја одејќи на гробот на својот близок да му запалат свеќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нѐ пикнаа во гробиштата и почнаа да пукаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За покој и смирение на нејзината душа и за долг помен, четириесеттиот ден отидоа на гробишта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На гробиштата владееше невидено спокојство и мир и за тие што почиваа таму, а и за посетителите кои со респект тивко се движеа меѓу гробовите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кога излегоа пред гробиштата луѓето се видоа цели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
3. Откако се тргна и Толе со своите другари од позицијата во гробиштата и се разбегаа востаниците, јузбашијата и мудурот наредија да се блокира селото и сите селани да се дотераат пред конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе